Партиите договореното го преточија во законски решенија - во петок расправа во Собранието

Политичките партии вчера попладне по речиси пет часа, начелно ги усогласија измените на законите за влада, за внатрешни работи, за медиумите и за Изборниот законик. Тие беа договорени на 20 јули годинава, а сега се преточени во закони.

Како што изјавија претставниците од ВМРО-ДПМНЕ и од СДСМ, Никола Тодоров и Радмила Шеќеринска, законските измени се очекува да бидат изгласани до крајот на неделата.

- Мислам дека ги усогласивме текстовите на сите закони кои треба да бидат доставени до Парламентот и се надевам дека ќе добијат поддршка од пратениците. Со тоа ќе се отвори патот за одржување избори. Моите очекувања се дека најкасно до крајот на оваа недела би требало да бидат веќе во сила, изјави Тодоров по средбата во Министерството за правда.

И Шеќеринска потврди дека претставниците на четирите политички партии постигнаа начелна согласност за законите предвидени со Договорот од минатата недела.

Ако до крајот на неделата пратениците ги усвојат договорените законски решенија, институциите ќе почнат да го спроведуваат Договорот од Пржино, а со тоа ќе се овозможи и одржување предвремени парламентарни избори до крајот на годинава.

 
 
27.07.2016 - 08:57
Фото: 
МИА

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега