МНР потврди: Нема повредени Македонци во Минхен

Нема официјална потврда за повредени или загинати наши државјани во терористичкиот напад во Минхен. Ние сме во постојан контакт со Министерството за внатрешни работи на Германија и според досегашните информации нема настрадани македонски граѓани, информираат од македонското министерство за надворешни работи за КУРИР.

Од МНР за КУРИР велат дека нема потврда ниту дека е настрадана девојката од Гостивар со име Армела за која пишуваа косовските медиуми.

Изразуваат и длабоко сочувство за семејствата на сите загинати и повредени во терористичкиот напад во Минхен, Сојузна Република Германија.

Косовските медиуми пак, објавуваат дека гостиварката Армела можеби е меѓу настраданите во терористичкиот напад во Минхен.

-Мојата ќерка беше во продавница во трговскиот центар. Од моментот на нападот, нејзиниот телефон е исклучен. Син ми отиде да ја бара во болница, изјавила мајката на Армела за Газета Експрес, Назмие Сегаши.

За состојбата на девојката се уште не се знае ништо. Германската полиција изјави дека имињата на загинатите нема да се објават додека не бидат информирани нивните семејства.

Додека пак, косовската амбасадорка во САД Фљора Читаку на својот твитер профил ноќеска по полноќ објави дека меѓу жртвите е и Албанец од Македонија.

Инаку, за сите прашања поврзани со безбедноста на македонските граѓани кои во моментот се наоѓаат во Германија, молиме да се обратите на дежурните телефони во Дипломатско-конзуларните претставништва на Република Македонија во Германија и во Министерството за надворешни работи на Република Македонија, велат од МНР.

Генерален конзулат на Република Македонија во Минхен, СР Германија Лице за контакт: Блерта Сали Мобилен телефон: +491 763 063 50 87 Адреса: Brienner Straße 56, 80333 München Е-пошта:munich@mfa.gov.mk.

 
 
23.07.2016 - 11:58

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега