Нов закон во Грција: Ќе гласаат граѓани со 17 години

Грчките пратеници денеска изгласаа измени во изборниот закон со кои избирачите стекнуваат право на глас со 17 години. Тоа ќе стапи на сила на следните избори предвидени за 2019 година.

Истовремено, пратениците усвоија и уште една измена во законот со која е укинато на победничката партија да и се додадат 50 места во парламентот.

Партиите од владејачката коалиција, левичарската Сириза на премиерот Ципрас и десничарите Независни Грци гласаа за измените како и Комунистичката партија и партии од центарот, јави Танјуг.

 
 
22.07.2016 - 20:43

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега