„Република“: Заев ја доведе партијата до банкрот?

Кри­за­та во пре­ден план и За­ев ка­ко ли­дер на опо­зи­ци­ја­та ну­дат плашт зад кој се од­ви­ва­ат мно­гу дејс­тва што се по­са­ку­ва да оста­нат да­ле­ку од очи­те на до­маш­на­та и на ме­ѓу­на­род­на­та јав­но­ста. Но, и од очи­те на со­пар­тиј­ци­те и на под­др­жу­ва­чи­те на СДСМ. Се кри­јат глав­ни­те мо­ти­ви и це­ли зад За­е­ва­та фло­ску­ла „бор­ба за сло­бо­да и за де­мо­кра­ти­ја“, а тоа, пред сѐ, се па­ри­те, за се­бе и за пар­ти­ја­та. За­тоа и по се­ко­ја це­на стои на цр­ве­на­та ли­ни­ја СДСМ без из­бо­ри да вле­зе во вла­ста, кри­за­та да про­дол­жи, а из­бо­ри­те да се од­ло­жу­ва­ат, пишува неделникот „Република“ во својот нов број кој излезе денеска.

Имај­ќи ги пред­вид до­ку­мен­ти­те до кои дој­де „Ре­пуб­ли­ка“,ме­сто да се фо­ку­си­ра на из­бо­ри­те до­го­во­ре­ни на 24 април, во сог­лас­ност со До­го­во­рот од Пр­жи­но, За­ев ма­ка ма­чел ка­ко да го про­дол­жи хи­по­те­кар­ни­от до­го­вор со кој Ко­мер­ци­јал­на бан­ка во за­лог го има се­ди­ште­то на СДСМ. За по­тсе­ту­ва­ње, кре­ди­тот што на 19 април 2011 го­ди­на го зе­де то­гаш­ни­от прет­по­ста­вен на За­ев, Бран­ко Цр­вен­ков­ски, исте­че на 19 април 2016 го­ди­на. Ток­му за­тоа, За­ев, ве­ро­јат­но, и ги акти­ви­ра­ше „при­ја­те­ли­те од над­вор“, под из­го­вор за, бо­жем, спор­ни гла­са­чи и ме­ди­ум­ски ре­гу­ли­ра­ња, са­мо за да се спре­чат из­бо­ри­те, до­де­ка тој ус­пее да го про­дол­жи ро­кот на кре­дит­на­та ли­ни­ја.

Су­деј­ќи спо­ред до­ку­мен­ти­те, ка­ко и спо­ред слу­чу­ва­ња­та од тој пер­и­од, ме­ѓу од­лу­ка­та на Цен­трал­ни­от од­бор на пар­ти­ја­та за про­дол­жу­ва­ње на до­го­во­рот за кре­дит со таа бан­ка и пот­пи­шу­ва­ње­то на ане­ксот на тој до­го­вор за до­пол­ни­тел­ни но­ви пет го­ди­ни, од­нос­но до 19.4.2021 го­ди­на, во јав­но­ста се по­ја­ви уште ед­но ау­дио од фо­но­те­ка­та на За­ев со кри­ми­нал­но прис­лу­шу­ва­ни раз­го­во­ри. Тоа бе­ше раз­го­вор ток­му на ди­ре­кто­рот на Ко­мер­ци­јал­на бан­ка, Ха­ри Ко­стов, од „фо­но­те­ка“ што За­ев ја за­др­жа и не ја пре­да­де во СЈО. Таа „фо­но­те­ка“ со­др­жи ве­ро­јат­но исто тол­ку раз­го­во­ри кол­ку што, на­вод­но, пре­да­де до СЈО, па се по­ста­ву­ва пра­ша­ње­то, кол­ку мо­же да би­де ко­ин­ци­ден­ци­ја ток­му то­гаш да се слу­чи об­ја­ву­ва­ње на оваа сним­ка. Во­ед­но, таа „слу­чај­ност“ е дел и од од­го­во­рот на пра­ша­ње­то – зо­што бе­ше пу­штен раз­го­вор на Ха­ри Ко­стов, по­ра­не­шен ми­ни­стер и пре­ми­ер од ре­до­ви­те на СДСМ, и ка­ква вр­ска има тој раз­го­вор со „Сло­бо­да­та и де­мо­кра­ти­ја­та“?

(Де)Акти­ви­ра­на хи­по­те­ка

Ако Бран­ко Цр­вен­ков­ски ја за­дол­жи СДСМ, Зо­ран За­ев ја до­ве­де до бан­крот. Ка­ко по­и­на­ку да се тол­ку­ва тоа што хи­по­те­кар­ни­от кре­дит од Ко­мер­ци­јал­на бан­ка зе­мен во 2011 го­ди­на, со анекс на до­го­во­рот е про­дол­жен до 2021 го­ди­на?

Ко­га Зо­ран За­ев ста­на нов пре­тсе­да­тел на СДСМ си­те ве­леа де­ка „ја ку­пил“ би­деј­ќи бил фи­нан­си­ски нај­мо­ќен. Но, отка­ко е За­ев на че­ло, пар­ти­ја­та ја тре­сат кри­ми­нал­ни афе­ри, а не за­о­ста­ну­ва ни­ту Оп­шти­на Стру­ми­ца, ка­де што е гра­до­на­чал­ник и „ло­ка­лен ше­риф“. Пра­ша­ње­то што се отво­ра се­га е да­ли За­ев ја ко­ри­сти си­ту­а­ци­ја­та и пре­ку тен­де­ри­те во Стру­ми­ца и оп­шти­ни­те во кои СДСМ е на власт ја одр­жу­ва пар­ти­ја­та во жи­вот?

До­ку­мен­та­ци­ја­та на „Ре­пуб­ли­ка“ по­ка­жу­ва де­ка За­ев ка­ко пре­тсе­да­тел и Оли­вер Спа­сов­ски ка­ко од­го­во­рен за ма­те­ри­јал­но- фи­нан­си­ско ра­бо­те­ње на пар­ти­ја­та, во име на СДСМ од ед­на и Ко­мер­ци­јал­на бан­ка а.д. Скоп­је од дру­га стра­на, пот­пи­шу­ва­ат Анекс број 1 кон До­го­во­рот за за­лог на нед­ви­жен имот со својс­тво на из­врш­на ис­пра­ва, склу­чен на ден 27 април 2016 го­ди­на, со кој врз ос­но­ва на Анекс број 1 кон До­го­во­рот за рам­ко­вен ре­вол­винг кре­дит-ли­мит (РРКЛ) се ме­ну­ва и до­пол­ну­ва ро­кот за вра­ќа­ње на кре­ди­тот зе­мен во 2011 го­ди­на. Та­ка, ме­сто СДСМ да го вра­ти дол­гот зак­луч­но со 19 април 2016 го­ди­на, пар­ти­ја­та го про­дол­жу­ва до­го­во­рот за за­дол­жу­ва­ње од 1,6 ми­ли­о­ни евра со рок за вра­ќа­ње до 19 април 2021 го­ди­на.

Всуш­ност, се ра­бо­ти за хи­по­те­ка­рен кре­дит што во 2011 го­ди­на во име на СДСМ го зе­ма то­гаш­ни­от пар­ти­ски пре­тсе­да­тел Бран­ко Цр­вен­ков­ски од Ко­мер­ци­јал­на бан­ка во ви­си­на од 1.600.000 евра (еден ми­ли­он и ше­сто­ти­ни ил­ја­ди евра), со на­ме­на за фи­нан­си­ра­ње на пар­ти­ска­та из­бор­на кам­па­ња.

До­го­во­рот за за­лог на нед­ви­жен имот од 28 април 2011 го­ди­на има својс­тво на из­врш­на ис­пра­ва. Хи­по­те­ка­та е впи­ша­на и на имот­ни­те ли­сто­ви за зем­ји­ште­то и на об­је­ктот на цен­тра­ла­та на СДСМ; ка­ко обез­бе­ду­ва­ње за па­рич­но­то по­ба­ру­ва­ње од Ко­мер­ци­јал­на бан­ка во ви­си­на од 1.600.000 евра.1

Пар­ти­ја­та во април го­ди­на­ва се сог­ла­су­ва, спо­ред До­го­во­рот од 2011 го­ди­на и спо­ред Ане­ксот од 2016 го­ди­на, да се зас­но­ва за­лож­но-прав­на хи­по­те­ка во ко­рист на Ко­мер­ци­јал­на бан­ка врз нед­виж­ни­от имот со си­те до­град­би и над­град­би се­га и во ид­ни­на, за обез­бе­ду­ва­ње на по­ба­ру­ва­ње­то, кое прет­ста­ву­ва збир од глав­ни­на­та од 1.600.000 евра и зго­ле­ме­но со ка­ма­ти­те и со тро­шо­ци­те, про­ви­зи­и­те, да­но­ци­те и со си­те дру­ги тро­шо­ци што мо­же да про­из­ле­зат во слу­чај на при­сил­на нап­ла­та.

СДСМ ги за­ло­жил и ра­ди­ја­то­ри­те

Од­лу­ка­та за за­дол­жу­ва­ње и за­ло­жу­ва­ње под хи­по­те­ка по­ми­на­ла и на Цен­трал­ни­от од­бор на 25 март 2016 го­ди­на, спо­ред ко­ја се да­ва пра­во да се сме­ни и про­дол­жи ро­кот на хи­по­те­кар­ни­от долг на пар­ти­ја­та, а но­во­то за­дол­жу­ва­ње се до­пол­ну­ва со обез­бе­ду­ва­ње под­ви­жен имот и ме­ни­ци. На сед­ни­ца­та, по­крај чле­но­ви­те на ЦО, би­ле по­ка­не­ти и чел­ни­ци­те од над­зор­ни­от од­бор, за­дол­же­ни­от за ме­ѓу­на­род­на со­ра­бо­тка, скоп­ска­та ор­га­ни­за­ци­ја, пра­те­нич­ка­та гру­па, гра­до­на­чал­ни­ци­те и дру­ги што не­ма­ат пра­во да до­не­су­ва­ат од­лу­ки.

Спо­ред за­пис­ни­кот од сед­ни­ца­та, ка­ко под­ви­жен имот ЦО на СДСМ во Ко­мер­ци­јал­на бан­ка ги за­ло­жу­ва и си­сте­мот за гре­е­ње, ла­де­ње и вен­ти­ла­ци­ја, ра­ди­ја­то­ри­те, си­сте­мот за про­ве­тру­ва­ње на са­ни­тар­ни­те јаз­ли, топ­лин­ска­та пот­ста­ни­ца, еле­ктрич­ни­от топ­ло­во­ден ко­тел, ре­ди­ца пум­пи и вен­ти­ли, си­те во сопс­тве­ност на пар­ти­ја­та, а про­це­не­ти од струч­ни­те служ­би на бан­ка­та.

Цен­трал­ни­от од­бор дал сог­лас­ност СДСМ да из­да­де и три сопс­тве­ни ак­цеп­ти­ра­ни ме­ни­ци со ме­нич­ни из­ја­ви со сог­лас­ност бан­ка­та да ги по­пол­ни и упо­тре­би за нап­ла­та на по­ба­ру­ва­ња­та без про­тест. Спо­ред за­пис­ни­кот од сед­ни­ца­та на ЦО, ге­не­рал­ни­от се­кре­тар Оли­вер Спа­сов­ски по­со­чил де­ка од­лу­ка­та е со цел „да ја др­жи отво­ре­на рам­ка­та за кре­дит од 19.4.2011 го­ди­на до 19.4.2016 го­ди­на“. Се на­ве­ду­ва и де­ка во рас­пра­ва­та по оваа точ­ка учес­тву­вал и Зо­ран За­ев, по што оваа пред­лог-од­лу­ка е ед­ног­лас­но усво­е­на.

 

 
 
22.07.2016 - 13:36
Фото: 
република

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега