Крвава ноќ во Градски Парк во Скопје: Младо момче прободено осум пати

 

Во три часот по полноќ синоќа Т.В. пријавила дека кај фонтаната во Градскиот парк им пришло непознато машко лице кое побарало да му повикаат Итна медицинска помош. Лицето имало повреда на грбот од која крварело обилно, а раскажал дека бил нападнат од три непознати лица.

Полицијата утврдила дека се работи за 22-годишниот И.М. од Скопје кој бил префрлен во Ургентен центар „Мајка Тереза“, каде му се констатирани тешки телесни повреди и тоа осум убоди од остар предмет во пределот на грбот.

Се преземаат  мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на случајот.

 
 
22.07.2016 - 12:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега