ВМО предупредува: Рекордни температури во првите шест месеци од 1880. година
Во првите шест месеци на оваа година се забележани рекордно високи температури за овој период од 1880. година до денес, соопшти Светската метеоролошка организација (ВМО).
На конференцијата за медиумите во ОН во Женева говореше Дејвид Карлсон кој кажа дека ледот на Арктикот рано и брзо се топи.
Според неговите зборови јаглерод-диоксидот го достигнал највисокото ниво.
- Во првите шест месеци на оваа година измерени се рекордно високи температури, порача Карлсон.
Истакна дека јуни оваа година е најтоплиот јуни од 1880. од кога оваа организација ги мери температурите.
Карлсон нагласи дека во последните 14 години, од година во година, бележат рекордни температури.
Додаде дека зголемените температури најмногу се чувствуваат во северната хемисфера.
Повеќе за тоа можете да прочитате на страницата на Светската метеоролошка организација на овој линк.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа