Викендов сите на Градскиот плоштад - Скопје центар на забавата
Во текот на предстојните летни денови и за време на викендите, Скопје продолжува со одлична забава и музика на централниот плоштад „Македонија“, како дел од проектот „Улични музичари и артисти“.
Овој петок со почеток во 20 часот свој настап ќе имаат Standby, поп-рок бенд со долгогодишно искуство, добро познати на македонската публика. Standby свират старо-добро познати класици, како и нови хитови со изменет аранжман и звук карактеристичен за бендот- енергична и забавна музика. Бендот има доста настапувано низ скопските кафулиња, од каде е добро познат на публиката, Винотека Темов, Пивница Стар град, Jukebox Cabaret, Led Zeppelin Guitar bar, VOX night club, Chillin' bar и многу други. Бендот го сичинуваат, Филип Исаков Џајо – (Гитара/Вокал), Илија Трајковски – (Бас гитара), Дејан Которчевич – (Тапани), а како вокал се појавува Моника Ставревска.
Во сабота, се резервирани Bad Influence, кои во стандардниот термин (20часот) ќе имаат свој настап на централниот плоштад „Македонија“. Членови на бендот се: Дино Зукиќ (тапани и перскусии, Стефан Филков (вокал и ритам гитара), Панче Захариев (бас и ритам) и Даниел Котевски (ритам и соло гитара). Бендот во ваков состав постои веќе 3 години, а неговите членови имаат музицирано ѝ претходно со други бендови и сѐ со повеќегодишно музичко искуство. Од своето формирање, бендот редовно настапува во Велес на питијада, а сѐ и со редовни музички настапи и низ познатите скопски клубови и кафулиња.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа