Драма во домот на Сандра Африка: Крвав маж влета кај неа

 

Сандра Африка пренесе навистина жалосен случај на социјалните мрежо. Имено, пејачката објави долг пост околу семејното насилство, откако крвав старец влета во нејзиниот двор да побара помош.

- Овој старец. Драгољуб Ристиќ влета во мојот двор со зборовите ме претепа синот, целиот беше крвав. Ме замоли за помош со една реченица. Ги известив Брзата помош и полицијата да ги превземат нештата во свои раце, и чувствувам морална одговорност конечно да се застане на патот на семејното насилство. Полни страници црна хроника секој ден. Тие монструми треба да гнијат во затвор, напиша Сандра.

Пејачката се надева дека ќе дојде до решение на проблемот.

 
 
22.07.2016 - 08:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега