Оставила страшна порака на Фејсбук пред самоубиството – 28-годишната мајка напишала…
Ема Томсон (28), мајката на која од страна на центарот за социјална работа и биле одземени двете деца и предадени на нивниот татко, а пак третото дете е во критична состојба, се обесила неколку часа откако на Фејсбук оставила порака.
Практично непосредно пред што го направила самоубиството во својот дом, Ема објавила статус на Фејсбук:
– Јас завршив! Ги сакаше моите деца и ги доби, но никогаш нема да добиеш некого кој би ги сакал тие деца како јас. Не можам повеќе, до гледање.
Истрагата покажала дека Ема и порано се обидела да си го одзеде животот со сечење на вени и со предозирање со лекови.
Инаку, 28-годишната жена била мртва пронајдена од сегашниот партнер Ли Валш, со кој имала едно дете (1), детето е во болница и е во тешка состојба, поради проблеми со црниот дроб.
Ема има две деца од претходна врска, а кога се разделила од нивниот татко, се преселила во Америка, Валш го запознала година дена по прекинувањето на врската.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа