„Дали да му се верува на Црвенковски на најавата за повлекување“

Експертската јавност го поздравува повлекувањето на лидерот на СДСМ, Бранко Црвенковски но изразува воздржаност околу тоа, колку може да се верува во неговите најави. Професорот по политчки науки на универзитетот ФОН, во изјава за Дневник вели дека треба да се почека за да се види, дали Црвенковски навистина ќе си замине од лидерската позиција.
„- Засега не може да се дефинира дали може да му се верува на Црвенковски за најавата дека си оди од лидерската позиција. Но, како и да е, добро е што партијата сфати дека ова раководство повеќе ~ штети отколку што ~ користи – вели професорот Савески во изјава за Дневник.
За ексепртите повлекувањето е добар чекор, бидејќи како што велат, ќе даде простор за нов кадар во партијата кој треба да внесе свежина и да привлече нови гласачи. Тие се воздржани околу тоа колку и надвор од претседателската канцеларијан а Бихаќка, Црвенковски ќе може да влијае на партиските одлуки, но се согласуваат дека неговото икуство ќе и биде потребно на партијата.
Преку определени членови тој повторно ќе има влијание врз СДСМ, но прашање е колку ќе биде силно и дали ќе ја креира партиската политика. Сепак, искуството на Црвенковски и во иднина треба да се почитува затоа што неговото долгогодишно влијание во оваа партија не може да исчезне преку ноќ – вели за Дневник, професорот по политчки науки, Ѓорѓи Тоновски.