Овој бабин совет за малку ќе убиеше бебе - родители внимавајте

 

Десетмесечно момче од Арканзас заврши во болница, откако неговата мајка го послуша советот својата мајка. Дваесет и осумгодишната Лори Шепард наводно не можела да го запре плачот на бебето, па во неговото шишенце со млеко додала бурбон, за да му го олесни растот на забите.

Бебето било однесено во болница во несвест и со 0.19 промили алкохол во крвта. Малиот Роналд неколку дена бил задржан во болница, по што социјалната служба ја презела грижата за него, а мајката е уапсена.

Бабата на детето, всушност, советувала со малку алкохол на прстите да се измасираат непцата и затоа не и било јасно зошто Лори одлучила да стави алкохол во шишенцето.

 
 
20.07.2016 - 12:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега