Летовите за Турција се одвиваат нормално

 

Воздушниот сообраќај и летовите кон и од Турција се одвиваат регуларно, согласно најавениот распоред, а сите хотели и летувалишта функционираат на најдобар можен начин, соопшти денеска Советништвото за култура и информации при Амбасадата на Република Турција во Скопје.

Според Советништвото, надминати се кратките прекини поради неодамнешните случувања во земјата. 

- Во  сите туристички дестинации како Мугла, Анталија, Измир,..., нашите и странските државјани - туристи не беа соочени и не доживеаја никакви непријатности, додава Советништвото. 

 
 
20.07.2016 - 12:09

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега