Од автомобилот нема ништо: Полицаец загина враќајки се од свадба
Полицаец на возраст околу 45 години загина во 3 часот утринава на Ибарската магистрала во тешка сообраќајна несреќа.
Несреќниот полицаец со возило Форд налетал на комбе, при што се случила страшната несреќа.
Како што дознава српскиот Курир, полицаецот се враќал од свадба и налетал на комбето од спротивната насока. За жал, починал на лице место.
Возачот на комбето е повреден, но засега не е познато дали неговите повреди се опасни по живот.
18.07.2016 - 08:42
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа