Путин му се јави на Ердоган: Ова се главните теми во разговорот

 

 Рускиот претседател Владимир Путин во телефонскиот разговор со неговиот турски колега, Реџеп Тајип Ердоган му порача дека е од голема важност по обидот за државен удар да не се дозволи насилство, ниту било каков вид на неуставни акции.

Телефонскиот разговор го иницирал рускиот претседател.

Путин ја искористи приликата за да изјави сочувство до Ердоган по повод за бројните жртви и посака во целата земја што побрзо се врати уставниот поредок и стабилност.

Рускиот претседател потсети дека по укинувањето на санкциите за продажба на туристички аранжмани за Турција нагло го зголеми бројот на руски туристи кои патувале во таа земја, и изрази надеж дека со тоа ќе се создадат услови за да се осигури нивната максимална безбедност.

Турскиот претседател, од своја страна истакна дека Турција ќе ги преземе сите чекори за да се осигури безбедноста на руските туристи.

Путин и Ердоган уште еднаш ја потврдија својата подготвеност за да се сретнат во блиска иднина, иако не е даден збор за датумот на нивната средба.

Меѓутоа набрзо  во турските медиуми се појавија вести во кои пишува дека се очекува двајцата претседатели да се сретнат во почетокот на август.

 

 
 
17.07.2016 - 13:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега