Собир на Бихаќка - Бранко не го даваме
Стотина членови на СДСМ се наоѓаат пред седиштето на партијата на Бихаќка и бараат од лидерот Црвенковски да остане на чело на партијата. Тие барале од лидерот на СДСМ да им се обрати, но Црвенковски, вечерва не се појавил пред насобраните луѓе. Тој вчера пред Централниот одбор на СДСМ ја соопштил својата одлука дека нема да се кандидира за нов мандат и дека нема да ја прифати кандидатурата доколку некој го предложи.
Тоа го отвори просторот за членовите на партијата кои имаат претседателски амбиции.