Нова средба во Пржино: Се бара решение за спорното прашање

Претставници на четирите партии потписнички на Договорот од Пржино, Никола Тодоров од ВМРО-ДПМНЕ, Радмила Шекеринска од СДСМ, Артан Груби од ДУИ и Имер Алиу од ДПА, претпладнево во резиденцијата на ЕУ ги продолжија разговорите за отворените прашања што  го попречуваат решавањето на политичката криза, заедно со амбасадорите на ЕУ и на САД, Аиво Орав и Џес Бејли.

Евроамбасадорот Аиво по завршувањто на завчерашната рунда разговори изјави дека партиските претставници постигнале договор за многу прашања прашања, со исклучок на едно, без да прецизира кое.

- Завршена е навистина значителна работа за која беше потребно многу време. Многу прашања беа договорени, но се уште има едно прашање кое е отворено, и поради тоа, за жал, не бевме во состојбата постигнеме договор, односно партиите не беа во состојба да постигнат договор. Се надевам дека ќе продолжиме што е можно поскоро, изјави Орав.

 
 
15.07.2016 - 11:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега