МФ: Опозицијата се обиде да нанесе штета на државата

Целиот процес се одвива врз основа на закон и е кристално чист од законски аспект. Економската турнеја на владиниот економски тим во насока на анимација на потенцијалните инвеститори за еврообврзницата помина исклучително позитивна атмосфера и амбиент, потенцијалните инвеститори покажаа голем интерес за еврообврзницата притоа истакнувајќи исклучително позитивни оценки за карактеристиките на македонската економија.

Во финална фаза на процесот се постигна огромен интерес на страната на инвеститорите и по обемот на средствата и по условите за издавање на еврообврзницата.

За жал, македонската опозиција во својот познат стил на деструкција се обиде повторно да нанесе штета на државата преку обид неосновано и тотално нерационално и без никаков аргумент да го оспори овој процес преку пишување на писма со невистинита содржина и без никаков основ, факт или аргумент овие писма доведоа до привремен и краткотраен застој на процесот, но сакаме да истакнеме дека овој процес не е стопиран и тој ќе продолжи и многу брзо ќе има завршница.

Министерството за финансии во брз рок ќе ги објасни сите состојби до потенцијалните инвеститори и ќе ги разбие дилемите и забуните кои СДСМ се обидува да ги наметне. Сакаме да апелираме за смиреност кај јавноста, и упатиме целиот процес да се следи со особено внимание за да може уште еднаш граѓаните да се уверат во штетните потези на СДСМ, и да направат разлика на тоа однесување со нашите заложби за обезбедување услови за раст и развој на македонската економија и реализација на ветените проекти, се наведува во реакцијата на Министерството за Финансии. 

 
 
14.07.2016 - 23:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега