Охрид: Влегол преку тераса и се збогатил за 700.000 денари и неколку ајфони

Вчера околу 4 часот наутро 38-годишниот Д.А. од Охрид пријавил дека  непознат сторител му ја ограбил куќата.

Крадецот влегол преку терасите, се качил на втори спрат, насилно ја отворил балконската врата, влегол внатре и од спалната соба одзел 300.000 денари, 5-6 000 евра и два мобилни телефони „Ајфон“.

Со тоа крадецот си се збогатил за 700.000 денари.

Полицијата превзема мерки за расветлување на случајот.

најчитано сега