Инцидент: Јелена Карлеуша ја искубаа за коса среде настап (ВИДЕО)
Додека Јелена Карлеуша ја изведувала својата позната точка, во која ги соблекува мажите, доживеала нешто што до сега не би можела ни да го сонува.
- Додека во сребрено трико се вртела околу момчето на кое му ја соблекувала маицата, му врзала каиш околу вратот и се обидувала да му ги соблече панталоните, една девојка од публиката сакала да го допре момчето. Карлеуша потоа го викнала обезбедувањето и ја предупредила да не го прави тоа, и тогаш настанал вистински хаос.
Револтираната девојка од публиката ја фатила Јелена за коса, а судејќи по лицето на Јелена таа не знаела што ја снашло во тој момент, па се тргнала на страна, а обезбедувањето морало да реагира и да и притрча во помош, раскажа извор кој присуствувал на настапот.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа