Почина уште еден хашки осуденик
Поранешниот претседател на Република Србија, Горан Хаџиќ почина вечерва во клиничкиот центар во Војводин, по долгата и тешка болест.
На него му се слошило дома и потоа е однесен во Сремска Каменица.
Се претпоставува дека станува збор за тромб на белите дробови.
Хаџиќ бил со нарушено здравје, а во последните месец дена два пати бил во болница.
На него му е дијагностициран тумор на мозок во завршна ваза поставена во ноември 2014, а процесот против него е во прекин во октомври минатата година кога му се слошило во судскиот притвор.
Да потсетиме, Горан Хаџиќ се вратил во Србија 16 април 2015 година. Него од аеродромот Никола Тесла до Нови Сад го пренеле припадниците на Интервентната единица. Хашки Трибунал оваа година го суспендирал на некое време од судењето поради неговата лоша здравствена состојба.
Тој бил тужен поради прогон на Хрвати поради расна, верска и политичка основа, за истребување, убиства, незаконско притворање, мачење, нечовечни дела, депортирање и присилно преместување во периодот од 1991 до 1993 година во источна Славонија и Книнска краина.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа