Какво ќе биде времето утре?

Времето утре во Македонија ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност, во западните делови ќе има услови за локална појава за краткотраен дожд со ретки грмежи. 
Ќе дува слаб ветер од јужен правец.

Утринската температура ќе се движи од 13 до 21, а дневната од 32 до 37  степени.

Во Скопје слично време, сончево и топло со слаб јужен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 19, а дневната ќе се искачи до 37 степени.

До четврток ќе се задржи претежно стабилно, суво и топло време со пораст на дневната температура, а в петок попладне ќе настапи значителна промена на времето кога на повеќе места ќе има нестабилна облачност со пороен дожд и со грмежи. Локално ќе има услови за појава на невреме. Врнежите ќе бидат пообилни преку ноќта кон сабота, особено повеќе ќе бидат застапени во северните делови на земјава. Во петок кон крајот на денот ќе почне да дува северен ветер кој повремено ќе се засилува и ќе предизвика нагло опаѓање на температурата на воздухот.

 
 
12.07.2016 - 17:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега