Се олеснува возењето во Скопје: Нов модерен кружен тек во Автокоманда
Денеска беше пуштен во употреба кружниот тек кој се наоѓа меѓу улиците „16 Македонска бригада“ и „Коце Металец“ во населба Автокоманда. Новото сообраќајно решение ќе придонесе да се зголеми безбедноста, но и просторот доби целосно нов уреден и урбан лик.
Во самиот кружен тек се формирани две сообраќајни ленти со вкупна ширина од 9 метри,а во самиот кружен тек е формиран зелен појас од 60 метри.
Вкупната вредност на проектот за изградба и уредување на кружниот тек изнесува околу 53,6 милиони денари.
12.07.2016 - 11:56
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа