Ограбена познатата српска пејачка - крадецот и се заканил со нож

Куќата на Гордана Лазаревиќ била мета на крадци во текот на вчерашната вечер. Како што дознава српски Курир, непознатиот крадец синоќа околу 20 часот упаднал во домот на пејачката и со закано со нож собрал вредни работи.

Пејачката, која била многу уплашена, не се обидела да го спречи крадецот, па тој го искористил моментот и ги собрал сите вредни работи кои му биле на дофат на раката.

- Гоца била сама во куќата. Многу се уплашила, се вкочанила од страв, па не успеала да реагира. Претпоставуваме дека е некој ситен крадец, аматер, веројатно наркоман, бидејќи професионалец веројатно би избрал момент кога нема никој дома, а потоа детално би ги претресол сите простории, додека овој земал само тоа што било на масата и побегнал, вели извор близок до пејачката.

 
 
12.07.2016 - 09:38

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега