ВИДЕО: Легендарниот гитарист на Аеросмит колабираше на сцена

Гитаристот на легендарната група Аеросмит Џо Пери паднал на бината за време на настапот во Њујорк во неделата и веднаш е префрлен во болница.

Неговата состојба моментално е стабилна.

65-годишниот Пери настапувал во Бруклин со својот бенд Холивуд Вемпајерс, во кој се рокерот Алис Купер и холивудскиот глумец Џони Деп, кога колабирал на сцената.

Купер неколку часа подоцна на Твитер напиша: Пери е сега во стабилна состојба, тој е со фамилијата и ја има најдобрата нега.

Некои портали објавија дека Пери имал срцев удар.

  

 
 
11.07.2016 - 15:32

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега