Ахмети: Можен е компромис во наредните денови и брзи избори

Претседателот на Демократската Унија за Интеграција, Али Ахмети во Амбасадата на САД во Скопје се сретна со помошникот државен секретар на САД за европски и евроазиски прашања во Стејт департментот, Викторија Нуланд, како и амбасадорот на САД во Скопје, Џес Бејли.
 
Ахмети и Нуланд, разговараа околу начините како да се реши политичката криза во земјата и враќање на евро-атлантската агенда.
 
Нуланд ја изрази проценката на САД за конструктивната улога на Ахмети кон постигнување решение, како и тесната соработка со американските власти.
 
Лидерот на ДУИ Ахмети ја увери Нуланд дека ДУИ е најконструктивна за изнаоѓање на решение а исто така изрази и оптимизам за брзо постигнување на компромис од двете страни во наредните денови. Овој компромис треба да резултира со сеопфатни, веродостојни и демократски избори што е можно поскоро.
 
Ахмети ја информираше Нуланд околу предлозите на ДУИ за чистење на Избирачкиот список и медиумите како и потребата за двете страни да се договорат дека се исполнети условите за избори, а потоа да се одреди датум за предвремени избори.
 
 
11.07.2016 - 13:01

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега