Канческа-Милевска на свеченото отворање на 67-то издание на реномираните „Дубровнички летни игри“

Министерката за култура, Елизабета Канческа-Милевска на покана на хрватскиот министер за култура, синоќа присуствуваше на свеченото отворање на 67-то издание на реномираната манифестација „Дубровнички летни игри“ во Дубровник, Република Хрватска.

Свеченото отворање на оваа манифестација, која е една од најеминентните во пошироки рамки, беше доверено на светски познатиот тенор и диригент Хозе Кура од Аргентина, кој е интернационално проучен по своите интензивни и оргинални интерпретации на оперските ликови, особено на водечката ролја Отело во истоимената опера на Верди.

dubrovnik.jpg2

На „Дубровничките летни игри“ од 10 јули од 25 август на 20-тина амбиентални локации во Дубровник ќе настапат повеќе од 2000 уметници кои ќе изведат 70 различни уметнички програми.

dubrovnik

Министерката Канческа-Милевска, која престојуваше во еднодневната работна посета на Република Хрватска, до нејзиниот хрватски колега Златко Хасанбеговиќ. упати и покана да биде гостин на годинашното издание на најзначајната музичко-сценска манифестација во нашата држава, фестивалот „Охридско лето“, како и на поетската манифестација „Струшки вечери на поезијата“.

 
 
11.07.2016 - 12:59

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега