Нуланд на средба со партиските лидери

Помошникот државен секретар на САД за европски и евроазиски прашања Викторија Нуланд, денеска со средбата со претседателот на ДУИ Али Ахмети во Американската амбасада, ги почна сертијата одделни разговори со лидерите на четирите партии потписници на Договорот од Пржино. 

По Ахмети, Нуланд во Амбасадата на САД ќе разговара со лидерот на ДПА Мендух Тачи, по што во партиските седишта ќе има средби со претседателите на СДСМ Зоран Заев и на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски.

На средбите, како што најави претходно Стејт департментот, ќе се разговара за билатералните и регионалните прашања, вклучувајќи ја и потребата за решавање на тековната политичка криза, поддршката за работата на Специјалното јавно обвинителство, како и создавањето услови за кредибилни избори.

Посетата на Викторија Нуланд на Македонија е во рамки на нејзината турнеја низ неколку земји во регионот во која се вклучени и Косово, Албанија, Србија и Кипар. 

 
 
11.07.2016 - 11:15
Фото: 
МИА

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега