ВИДЕО: Тројца полицајци убиени од 17-годишно момче

Момче уби тројца полицајци и повреди уште тројца други полициски службеници на автобуска постројка во турскиот град Шанлиурфа, по што е застрелано од полицијата.

Како што јави ТАСС, до инцидентот дошло откако 17-годишното момче било запрено од полицијата поради проверка на документи.

Гувернерот на Шанлиурфа, Ѓунгор Азим Туна изјави дека не станува збор за терористички напад.

Напаѓачот имал психолошки проблеми. Тој патувал со своето семејство и го земал пиштолот на татко му, додаде Туна.

 

 
 
11.07.2016 - 10:53

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега