ВИДЕО: Франција на колена, Португалија е нов европски шампион!

Португалија е нов европски шампион, откако вечерва по 120 минути игра ја совлада Франција со 1:0. Стрелец на победоносниот гол беше резервистот Едер, кој прецизно стрелаше во француската мрежа во 109-тата минута.

Сосема заслужено, репрезентацијата на Португалија е крунисана за нов европски шампион.

Последниот натпревар од ЕП 2016, финалниот дуел на “Стад д’Франс” помеѓу репрезентациите на Португалија и Франција, заврши со минимален триумф на избраниците на Фернандо Сантош.

Финалниот дуел заврши без погодоци во регуларните 90 минути, а погодокот вреден прва европска круна, постигнат во 109 минута, беше дело на Едер.

Европската титула доби уште повеќе на значење затоа што Португалците ја освоија без помошта на најдобриот фудбалер, Кристијано Роналдо кој заработи незгодна повреда во 15 минута и мораше да биде заменет во 24 минута.

 


 
 
11.07.2016 - 09:04

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега