Нови вработувања: Се реализира инвестиција вредна 3 милиони евра во Прилепско

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски заедно со министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски и со замениците министри Ванчо Костадиновски и за образование Спиро Ристовски денеска е во посета на општина Кривогаштани.

Груевски, заменикот за земјоделство Ванчо Костадиновски и градоначалникот на Кривогаштани Тони Затковски го посетија големиот  земјоделски стопански комплекс на тетовската фирма „Везешари“ кај селото Славеј.

Сопственикот на фирмата Арбен Абдурамани информираше дека тука во селото Славеј започна големата четиригодишна инвестиција во вредност од 3 милиони евра.

- Со пченка засадивме 560 хектари што ги добивме од државата под концесија на 15 години, а тука ќе се градат и сушарница со силоси за пченка и пченица, фарма за товење бикови, фарма за крави и телиња со капацитет за колење од 1000 грла годишно. Ќе градиме и кланица и на крајот мала централа за биогас. Сета оваа инвестиција ќе биде готова за четири години и со тоа ќе вработиме 70 луѓе. Многу ќе ни значи капацитетот зашто месото што ќе се добива тука е за фабриката во Полог за сувомесни производи. Ќе откупуваме пченка и пченица од земјоделците, изјави Абдурамани.

Според заменик министерот за земјоделство Ванчо Костадиновски ова многу значи за регионот и за ставање на функција на некогашните капацитети на ЗИК „Славеј“.

- Не само што ќе се развива регионот, ќе се отворат нови работни места, индивудуалните земјоделци ќе може да учат за нови агромерки и одгледување пченка за да ги зголемат сопствените приноси, изјави Костадиновски.

Според претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, Владата уште лани во повеќе региони во земјава со поволни можности даде големи површини за стопански субјекти под концесија.

- Концесионерството на големите фирми дава можност да се развиваат агроиндустриски капацитети што е најбитно да се отвораат нови работни места, а по тие стапки и регионот на Кривогаштани, рече Груевски.

За градоначалникот на Кривогаштани, Тони Затковски општината отвора големи можности и дава поволности за привлекување инвеститори.

- Поволни можности даваме и ја развиваме индустриската зона во Кривогаштани и покрај оваа голема инвестиција општината веќе е во план да донесе уште неколку инвеститори, рече Затковски.

Груевски и градоначалникот на Кривогштани по средбата со граѓани во центарот на Кривогаштани го посетија сточниот пазар кој е нов и со пари од околу 15 милиони денраи од Агенцијата за рурален развој го изгради за трговија со добиток познат во Македонија.

 
 
09.07.2016 - 15:01

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега