ВМРО ДПМНЕ: Еврообврзницата е реакција на политичката кризата која СДСМ ја предизвика

 Еврообврзницата се издава како реакција на политичката криза која СДСМ во етапи ја прави за да се спаси од политички пораз на избори, реагира ВМРО-ДПМНЕ по денешната прес-конференција на Лидија Димова. 

Според ВМРО-ДПМНЕ, издавањето на еврообврзницата од 650 милиони евра е внесување свеж капитал во земјата кој ќе го гарантира нормалниот тек на економијата во услови на криза која СДСМ сака да ја продлабочи.

- СДСМ се води од максимата колку полошо за државата толку подобро за нив. Македонија нема да дозволи деструкцијата на СДСМ да застане на патот на нормалното функционирање на економијата, стопанскиот развој и напредок, наведува ВМРО-ДПМНЕ.

Еврообврзнцата, стои во реакцијата, е финансиски механизам кој се применувал и ќе се применува во Македонија, како и во сите европски земји, а првпат е издадена од СДСМ во 2005 година. 

- Министерството за финансии со ребалансот на буџетот објави дека ќе го намали домашното задолжување, односно двојно помалку ќе ги користи домашните извори за финансирање што ќе остави повеќе средства за кредитирање на домашниот бизнис сектор, истакнува ВМРО-ДПМНЕ.

 
 
08.07.2016 - 17:02

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега