Еврообврзницата е осигурување на економијата во сложената политичка ситуација

Еврообврзницата е осигурување на економијата во сложената политичка ситуација, сметаат експерите кои ги консултираше порталот Лидер. Со еврообврзницата треба да се покрие буџетскиот дефицит за оваа и следната година како и да се вратат стари долгови. Експертите кои ги консултирале на оваа тема сметаат дека на овој начин ќе влијае на макроекономска стабилност на подолг рок токму во време на политичка криза, пишува Лидер.

“Вообичаено е тоа да се случува во период кога е потребна дополнителна инекција и вообичаено е ако направиме една куса анализа на досегашните издавања на еврообврзницата од страна на надлежните институции во нашата држава се се случува во средината на годината бидејки се појавуваат дебаланси или нерамномерности во динамиката на остварување на приливите и одливите како во деловните односи со странство така и во реализирањето на буџетските издатоци проектирани на почетокот на годината“ изјави Сашо Кожухаров, универзитетски професор.

Од 2005 до сега се издадени неколку еврообврзници и секогаш се добредојдени, констатираат економските експерти.Според нив со еврообрзницата ќе се потикне економскиот раст и развој и економската активност.

“Денес како резултат на политичката криза и она што се случува целокупно во националната економија, еврообврзницата може на подолг рок да даде поголема стабилност за финансирање на некои запознати проекти, а најдобро е тие средства да се канализираат во капитални средства за да дадат позитивни ефекти во националната економија. Колку е поголем обемот на среддствата што се бара , каматната стапка би тгребало да биде помала“ изјави Влатко Пачешкоски – економски експерт.

“Во Македонија се чини дека проблематиката со издавање на еврообврзницата е секогаш проследена со проблеми, а во современите земји тоа е нормално, не е невообичаено и ништо чудно, ефектите би биле во две поголеми групи. На пример секое издавање на еврообврзница може да доведе до верификација на веќе поспоставениот кредитен рејтинг, така да сите држави кои се соочуваат со проблеми ќе наидат на недоверба, а со Македонија е е таков случајот. Странските инвеститори се уште имаат доверба во Македонија, ова ќе значи и набавка на финансиски средства со помала каматна стапка. Друга придобивка е можноста за искористување на овие средства за забрзан економски раст, а интересна придобивка е можноста да се намали негативниот ефект на потиснување на приватниот сектор. Сите пари кои ке останат непозајмени на домашниот пазар, ќе останат на располагање на домашниот пазар и сето тоа би дало дополнителен импулс на домашната економија“ изјави Илија Груевски – проф на УГД Економски факултет- Штип.

Рокот на отплата на еврообврзницата ќе биде до 10 години, во зависност од пазарните услови, интересите и побарувањата на инвеститорите, пишува во владината одлука.

 
 
08.07.2016 - 14:36

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега