Трајановски се сретна со претставници на земјите кои му помогнаа на Скопје по земјотресот

Градоначалникот на Скопје Коце Трајановски денеска се сретна со претставници од збратимените градови и земјите кои му помогнаа на Скопје по катастрофалниот земјотрес.

- Изразивме благодарност за помошта што му е дадена на Скопје, се потсетивме на земјотресот во 1963-та, зборувавме како градот изгледал пред тоа, како се развиваше потоа, во последниве години и како ќе се развива понатаму, изјави Трајановски по средбата.

- Ние се сеќаваме на нивната помош, а тие дека помогнале во обновата на градот што ми е особено драго, истакна Трајановски.

 

најчитано сега