Несреќа кај Градско: Излетал од пат, удрил во знак и се превртел
Во текот на вчерашниот ден во 06 часот и 30 минути на делницата од Автопатот Велес-Градско во близина на наплатна станица Градско, се случила сообраќајна незгода во која возило „Шкода Фабија“ со српски регистерски ознаки, управувано од 45-годишниот С.Ј. од Ниш, излетало надвор од коловозот на десната страна на земјената површина каде удрило во патоказна табла и плетена жичана ограда, а потоа се превртело.
Во незгодата со телесни повреди се здобиле неговата сопруга и ќерка и со возило на Брза помош биле пренесенин во Општа болница-Велес. По укажаната лекарска помош биле пуштени на домашно лекување.
Извршен е увид на местото на настанот и се работи на целосно расчистување на случајот.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа