ФОТО: Манекенка ладнокрвно убиена во својот дом

Мексиканската манекенка Карла Карина Гарза Гарсија (23) која работела како водителка на локална телевизија, ладокрвно била убиена во својот дом, пренесуваат светските медиуми.

Карла, која пред ужасното злосторство се забавувала со пријателите, на снимката на забавата изгледа весело и опуштено, а само неколку минути подоцна во нејзиниот дом упаднале ладнокрвни убијци и ѝ пукале во главата.

Убијците на манекенката успеале да побегнат во црн Кадилак пред да пристигне полицијата, а кога брзата помош стигнала на местото на злосторството , утврдиле дека на младата девојка и нема спас. Убиената Карла е мајка на две мали деца, а нивниот татко исто така е убиен пред неколку месеци.

 
 
01.07.2016 - 17:45

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега