13-годишно девојче убиено на спиење - напаѓачот со нож и го унаказил телото

Тринаесетгодишното девојче Халел јафа Аријел од Израел е избодено до смрт додека спиело во својата соба. Напаѓачот се вовлекол во нејзината куќа и и нанел смртоносни повреди на горниот дел од телото!
Во овој напад тешко е ранет и припадник на службата за безбедност кој се борел со напаѓачот. Тој е избоден повеќе пати, а потоа и застрелан со огнено оружје.

Напаѓачот бил убиен од останатите припадници на службата за безбедност кои ја чувале населбата.

Напаѓачот е идентификуван како Мохамед Тарајех, на возраст од 19 години, наведува палестинскиот министер за здравство.

Како што се наведува, куќата на убиеното девојче се наоѓа веднаш до оградата која ја окружува целата населба, а која напаѓачот ја прескокнал.

Во новиот бран напади од октомври минатата година убиени се 34 Израелци, наведува Би Би Си, истакнувајќе дека и повеќе од 200 Палестинци за тоа време ги изгубиле животите.

 

 
 
30.06.2016 - 15:59

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа