Влегле со мотори во кафе-бар на Илинденска и дивееле цела вечер

Против тројца кавадарчани ќе бидат поднесени кривични пријави бидејќи дивееле во кафе-бар.

Вчера во периодот од 00 часот и 25 минути до 00 часот и 50 минути, во кафе бар „Рома кафе“ лоциран на улица  „Илинденска“  во Кавадарци, 35-годишниот М.Ј. 30-годишниот В.Ј. и 38-годишниот Р.Е. од Кавадарци, предизвикале општа опасност на место каде што се собираат поголема група на граѓани и се однесувале дрско и непристојно. Тие со мотори влегле во кафе барот каде ги паркирале и при тоа правеле бучава.

Лицата биле повикани во полициската станица во Кавадарци и во тек е документирање на случајот.

- На пријавените издадени им се прекршочни платни и мандатни налози за сторени повеќе прекршоци од делот на сообраќајот како „движење со возило преку површина наменета за пешаци“, „управување нерегистрирано возило“, „управување возило со неположена соодветна категорија за возилото“, соопшти Стојковска.

 
 
29.06.2016 - 11:58

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа