ВИДЕО: Тепачка во редовите на СДСМ и СОРОС

Агресијата, насилството и вандализмот кои го демонстрираат СДСМ и припадниците на невладините организации под контрола на СОРОС, кулминираа вечерва откако голем дел од групата почна меѓусебно да се пресметува, пишува Курир.

Според тоа што го јавуваат нашите извори на терен, до тепачката дошло заради недоразбирања околу финансирањето на последниот протест. Дел од оние кои биле најагресивни , изразиле незадоволство заради тоа што СДСМ и СОРОС се откажале од секојдневните протести и заради тоа се намалиле исплатите, а дури имало и обвинувања дека некои што помалку биле заслужни за себе приграбиле поголем дел.

Сето ова се случувало околу 21 часот, кога агресивната толпа се упатила од улица „Бихаќка“ кон булевар „Кочо Рацин“. Според нашиот извор од лице место, повеќемина млади, кои најверојатно биле под дејство на алкохол и наркотици, физички нападнале неколкумина.

За да не ескалира состојбата, според нашите сознанија, морале да интервенираат неколку лица од обезбедувањето на СДСМ кои имаат дебели криминални досиеја. На терен се обидовме да ги провериме овие информации, но сите кои ги контактиравме од СДСМ кои учествуваа во вечерашните насилни протести се правдаа дека не виделе насилен инцидент, иако истиот е и видео документиран.

 
 
28.06.2016 - 10:35

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа