ВИДЕО: Ловци на НЛО пронашле „доказ” за живот на Марс

Повеќе од една деценија бизарниот скелет од 15 сантиметри, пронајден во чилеанската пустина Атакама, ги поттикнува приказните дека вонземјани ја посетиле Земјата некогаш одамна.

Истражувачите на вознемскиот живот сега воочија нешто за коешто тврдат дека е жив припадник на некој вид на Марс.

Корисникот на YouTube, “Paranormal Crucible” ја анализирал снимката на роверот на НАСА “Curiosity” и тврди дека на неа се гледа хуманоиден вонземјанин зад карпите на Марс.

-Пронајдена е интересна аномалија и изгледа како мал Марсовец. Ја обоив сликата и додадов очи на главата за полесно да се види, но сето тоа е на оригиналната слика, што личи на човек и ме потсетува на вонземјанинот од Атакама, бидејќи се со иста големина, изјави овој ловец на НЛО.

Уредникот на “UFOSightings Daily”, Скот Варинг го поддржа ова тврдење велејќи дека станува збор за марсовски вид кој е жив, но во исчезнување.

-Ова е еден од видовите кои живееле на Марс и сѐ уште живеат, но во многу мал број. Мистериите на Марс полека се откриваат една по една, изјави Варинг.

 
 
27.06.2016 - 12:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега