Ќе се вештачи лифтот кој потисна 6 годишно дете во Куманово

Шест годишно дете почина откако беше притиснато од лифт во Куманово.
 
Основното јавно обвинителство – Куманово издаде наредба за вештачење на лифтот во кој вчера загина 6-годишно момче. Вештачењето ќе се врши на Машинскиот факултет во Скопје и треба да ги утврди причините за несреќата,соопшти денеска обвинителството.
 
По наредба на надлежен јавен обвинител, лифтот е целосно изолиран и обезбеден со полициско присуство. Во исто време, обвинителот издаде наредба за одземање на севкупната документација од фирмата задолжена за сервисирање на лифтот, како и прибирање на друга неопходна документација потребна за расветлување на случајот, се наведува во соопштението.Дополнително, уште во текот на вчерашниот ден издадена е наредба за обдукција на телото на починатото момче
 
 
27.06.2016 - 11:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега