ВИДЕО: Се запали авион со 241 патник

Авион на компанија Сингапур ерлајнс на летот за Милано се запали рано утрово, па потоа слета на Сингапурскиот аеродром Чанги, од каде и полета, за среќа во инцидентот нема повредени соопштуваат, локалните власти

Леталото се врати на Аеродромот од каде полета, по предупредувањето за ниско ниво на уље во моторот, но по слетувањето се запали десниот мотор на авионот Боинг 777-300ЕР, прнесува Ројтерс.

Пожарникарите набрзо го изгасиле пожарот, а никој 222 патници и 19 членови на екипажот не е повреден во инцидентот, соопштуваат од Сингапур Ерлајнс

„Патниците се извадени и префрлени со автобус до зградата на терминалот. Тие покасно ќе бидат префрлени во друг авион, кој денеска покасно би требало да полета за Милано, се наведува во соопштенито од авио-компанијата.

 

 
 
27.06.2016 - 10:35

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега