Хаос викендов во Скопје: Многу несреќи и повредени лица

 

Во текот на изминатите три дена на подрачјето на Скопје се случиле 26 сообраќајни незгоди. Девет поминале со материјална штета, додека 17 се со последица телесна повреда. Со полесни телесни повреди се здобиле вкупно 22 лица.

Сообраќајната полиција во петокот изврши увид на 11 сообраќајни незгоди, од кои пет се со последица материјална штета, а со полесни повреди се здобиле шест лица.

Како што информира за МИА самостојниот инспектор Драган Вељановски, во саботата извршен е увид на вкупно седум сообраќајни незгоди, од кои една е со последица материјална штета,а  со полесни повреди се здобиле осум лица.

Вчера е извршен увид на вкупно осум сообраќајни незгоди. Три се со последица материјална штета и пет се со последица телесна повреда. Со полесни повреди се здобиле осум лица.

Во текот на изминатите три дена од страна на сообраќајната полиција, откриени се поголем број на прекршоци. Санкционирани се 75 возачи кои со возилото се движеле со брзина поголема од дозволената, 19 возачи го управувале возилото под дејство на алкохол и се исклучени од сообраќај, тројца возачи поминале на црвено светло на семафор, а осум возачи  почетници сториле прекршоци по разни основи.

Затекнати се и 15 возачи кои за време на управување на возилото не го користеле сигурносниот појас или го користеле мобилниот телефон, како и шест возачи кои за време на управување на велосипед со мотор, мопед и мотоцикл не носеле заштитен шлем.

Со помош на специјалното возило пајак, во текот на овие три дена отстранети се 96 возила кои во поголема мера го попречувале нормалното одвивање како пешачкиот така и моторниот сообраќај.

 
 
27.06.2016 - 09:23

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега