Вечерва жителите на Кисела Вода ќе уживаат со песните на Миле Кузмановски
Културното лето “Три круши” за престојниот викенд ќе понуди убава музика за посетителите. Вечерва на амфитеатарот на верско-рекреативниот центар “Три круши” во 21 часот публиката ќе ја забавува Миле Кузмановски.
Утревечер пак посетителите на “Три круши” ќе можат да уживаат во настапот на “Силви бенд”.
Влезот за граѓаните е слободен.
ФОТО: Скопјеинфо