Седници на две собраниски комисии

Во Собранието на Република Македонија денеска седници ќе одржат комисиите за прашања на изборите и именувањата и за транспорт, врски и екологија.

На дневен ред на седницата на Комисијата за прашања на изборите и именувањата е заклучокот по Огласот за избор на член на Судскиот совет на Република Македонија што го избира Собранието на Република Македонија.

Комисијата за транспорт, врски и екологија треба да го разгледува     Годишниот извештај за работата на Агенцијата за пошти во 2015 година.

 
 
27.06.2016 - 08:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега