Хаос на автопатот Пирот-Ниш - камион се преврте со 40 лица, возачот во бегство

Камион кој превезувал околу 40 мигранти слета на патот денеска околу 13.00 часот во селото Острово, пред влезот во тунелот на патот Пирот - Ниш.

Очевидците на оваа несреќа рекле дека каминот ја пробил банкината и слетал од коловозот, но поголемиот број од мигрантите не се повредени. 

Итната помош од Ниш ги згрижила повредените и тие се префрлени во Ургентниот центар на детални прегледи и лекување.  

Како што инормираат од српската полција, возачот кој го управувал камионот полн со мигранти веднаш се дал во бегство, полцијата трага по него. 

 

 

 
 
26.06.2016 - 14:38

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега