Тешка сообраќајка на патот Велес - Езеро Малдост - повредени над 10 лица

Најмалку десетина лица се повредени во сообраќајна несреќа што се случила попладнево околу 12:30 часот на локалниот пат Велес - Езеро Младост. 

Засега нема официјални детални информации, а според првичните информации на полицијата во сообраќајката учествувале две патнички возила и има околу десетина повредени.

На местото на несреќата во тек е увид а сообраќајот на патот е во целосен прекин.

 
 
26.06.2016 - 14:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега