Трагична судбина на познатата пејачка - и останаа уште неколку месеци живот, а нејзиниот сопруг пронајден мртов

foto: Splash

Лајза Минели, светски познатата пејачка и актерка, боледува уште од 2014 година, но никој не знае со сигурност од која болест таа боледува. Оваа информација протече низ медиумите кога таа година ги откажала своите концерти за време на турнејата, а се претпоставува дека причината за тоа е воспаление на мозокот. Лекарите тогаш и наредиле да прекине со настапите и со патувањата, барем на некое време, но пејачката ни по две години не настапува како порано. 

Лајза во последно време дури и не излегува до дома, а ни нејзините блиски не знаат точно за што се работи. Меѓутоа сите тие велат дека пејачката изгледа ужасно и дека и останале само уште неколку месеци живот.

 И додека таа се бори со здравјето пред неколку дена и се случила ужасна работа - нејзиниот поранешен сопруг Дејвид Гест бил пронајден мртов во една хотелска соба. 

Семејството на Дејвид потврдило дека боледувал од неколку болести, па поради тоа била причината за неговата трагична смрт. 

Кога ја слушнала оваа ужасна вест, Лајза одбила да каже било што за смртта на нејзината најголема љубов. 

Таа си ветила дека никогаш нема да даде никаков коментар по повод таа трагедија, а потоа и се вратила на самотијата. 

 

 

 

 

 

 

 

 
 
26.06.2016 - 13:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега