Еден од нив двајца ја убил Јелена: Еве зошто не е уапсен до сега

Кругот на потенцијално осомничени за убиството на Јелена е сведен на само две особи. Проблемот е во тоа што злосторникот не оставил никаква трага која би довела до негово апсење.

„Јелена Марјановиќ ја убил или сопругот Зоран или непознат љубовник, но тоа можеби никогаш нема да биде докажано“, тврди познатиот криминолог Златко Николиќ.

Според неговите зборови, од криминолошка страна работите се потполно јасни, затоа што на основ на достапните информации, нема сомнение дека убиецот е некој кој имал силни емоции према Јелена.

„Во случајот со убиството на Јелена една работа е апсолутна неоспорна, се работи за злосторство од страст. Значи кругот на осомничени е сведен на две личности, на сопругот Зоран или некој за нас непознат во моментов љубовник. Сите останати се исклучени, во тоа сум потполно уверен, затоа што за таков заклучок не се потребни никакви материјални докази“, тврди Николиќ

Меѓутоа, како што вели тој, потполно друга работа е што за било чие апсење е потребен материјален доказ, а него очигледно го нема.

„Претпоставувам дека полицијата има некои траги, но дека тие немаат доволна тежина за покренување обвинение. Како поминува времето, се помали се шансите да се појави нов доказ или некоја трага. Затоа на полицијата и останува да чека, убиецот или некој од неговата околина да попушти и да направи кобна грешка, со која ќе се разоткрие. Или па едноставно да пукне и да признае се“, вели Николиќ

 

 
 
26.06.2016 - 13:03

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега