Залутан куршум преплаши скопски таксист

Залутан куршум вчера преплаши таксист додека стоел со возилото во близина на желзничката сатаница во Скопје. Како што информираат од МВР, 45-годишниот Т.А. од Скопје додека стоел на булеварот , слушнал како се скршило задното ветробранско стакло. Во тој момент во возилото немало патник. Откако паркирал забележал дека внатре во возилото се наоѓа проектил, непознат калибар, кој е подигнат за вештачење.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 
 
26.06.2016 - 12:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега