Започнува Прилепско културно лето 2016

Со изложба на скулптури на уметникот Емил Солески вечерва во галеријата на Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп официјално почнува „Прилепско културно лето“.

Вајарот Солески на изложбата насловена „Момент“ ќе се претстави со осум дела изработени во камен.

Во рамки на годинашната манифестација „Прилепско културно лето“ до крајот на август се најавени повеќе настани, меѓу кои концерти на хорот Злата Мегленска, на харфа на Мерсиха Шукри, на Арт либитум трио, на групата Баклава, на Фан проџект, на Бобан Мирровски, изложби, интернационална ликовна колонија Дрен, како и манифестацијата Изворен фолклор на балканските народи. 

 
 
24.06.2016 - 09:26
Фото: 
сител

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега